мн. лавиринти
Вид збор: Именка, машки род
Сложена градба, непрегледно место со многу испреплетени ходници или улички, во кои е тешко за ориентација и тешко се доаѓа до излезот.
мн. ладилници
Вид збор: Именка, машки род
Просторија во која се чуваат продукти на ниска температура.
мн. лајсни
Вид збор: Именка, женски род
Долга, тесна дрвена, метална или пластична летвичка со која cе покриваат или се спојуваат рабови од нешто.
Англиски:
lath
Германски:
Leiste
мн. лакови
Вид збор: Именка, машки род
мн. ламели
Вид збор: Именка, женски род
Станбен блок составен од повеќе згради надоврзани една на друга во цикцак-линија.
Англиски:
block
Албански:
bllok godinash
мн. ламинати
Вид збор: Именка, машки род
Вид пластичен под составен од мали парчиња што се поврзуваат.
ламинатниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на ламинат.
мн. ламперии
Вид збор: Именка, женски род
Заштитна или украсна облога од дрво, пластика или од друг материјал што се става на внатрешна страна од ѕид или на таван.
мн. ленти
Вид збор: Именка, женски род
Дел од пат или од поширока улица.
Англиски:
strip
Албански:
patekë
мн. лепенки
Вид збор: Именка, женски род
Зграда што со еден свој ѕид е залепена за друга зграда.
(едн.) лесонитот
Вид збор: Именка, машки род
Плоча од ситни дрвени парчиња.
мн. летви
Вид збор: Именка, женски род
Долго, релативно тесно и тенко парче дрво што служи за правење огради, дрвени конструкции итн.
мн. лизгалишта
Вид збор: Именка, среден род
Објект во кој вештачки се одржува површина со мраз заради практикување на спорт, за вежбање и за натпревари.
мн. липовини
Вид збор: Именка, женски род
Липово дрво што се употребува за градба или огрев.
мн. лобија
Вид збор: Именка, среден род
Просторија пред влезот во сала во британскиот или американскиот парламент, каде што пратениците се среќаваат со различни граѓански или други групи.
Англиски:
lobby
Албански:
lobi
мн. лоѓии
Вид збор: Именка, женски род
Балкон вовлечен во внатрешниот дел.
мн. лоџи
Вид збор: Именка, женски род
Полуотворен трем; галерија со лакови.